Повеќе од 250.000 луѓе потпишаа петиција за одземање на титулата на поранешниот британски премиер Тони Блер.
Поранешниот лидер на Лабуристичката партија е прогласен за витез на новогодишната почесна листа.
Сепак, тоа предизвика критики во британската јавност бидејќи голем број луѓе сметаат дека Блер не ја заслужува оваа чест, а некои го нарекуваат и воен злосторник поради одлуката Британија да ја внесе во војната во Ирак.
„Тони Блер предизвика непоправлива штета на Уставот и општеството во Велика Британија. Тој е лично одговорен за безброј цивилни и воени жртви во неколку конфликти. Само поради тоа треба да одговара за воени злосторства. Тој е последниот што треба да ја заслужи оваа титула од нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“, се наведува во петицијата.
Фото: profimedia.cz