Повеќе од 500 цивили убиени во Украина, тврдат од ОН

од Nikola Popovski
189 прегледи

Од почетокот на руската инвазија на Украина, 516 луѓе се убиени, а 908 се ранети, соопшти Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации. Од таму додадоа дека вистинскиот биланс на загинати е веројатно „значително поголем“.

Се вели дека повеќето од жртвите биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.

Русија негира дека цели на цивили при нејзината инвазија на Украина.

Слични содржини