Повеќе од 7.000 банкари се преселиле од Британија во ЕУ од 2016 година

од Milan1
213 прегледи

Повеќе од 7.000 вработени во финансискиот сектор се префрлени од Лондон во Европската унија како резултат на „Брегзит“, што е за 400 помалку од проценката дадена минатиот декември, објави денеска консултантската компанија „EY“.

Иако вкупниот број е значително помал од 12.500 работни места кои компаниите ги предвидоа во 2016 година, кога Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија, не е исклучен понатамошен раст на преместувањето, според новиот извештај „Brexit Tracker“, пренесе „Ројтерс“.

Во исто време, новите работни места поврзани со „Брегзит“ изнесуваа вкупно 2.900 низ Европа и 2.500 во Британија, каде што нешто повеќе од еден милион луѓе работат во секторот за финансиски услуги, според истражувањето.

Слични содржини