208
Повеќе од 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во претседателот Владимир Путин, соопшти Серускиот центар за истражување на јавното мислење.
Истражувањето е спроведено од 3 до 9 октомври меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.
„На прашањето за довербата во Путин, 80,9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 75,6 отсто од нив ја одобруваат неговата работа“, се наведува во резултатите од истражувањето.