Повеќето Германци се против членството на Украина во НАТО

од Nikola Popovski
206 прегледи

Повеќето Германци се против приемот на Украина во НАТО, барем во наредните години, покажува анкетата на „Дојчетренд“ која редовно се спроведува за јавниот сервис АРД.

Повеќе од половина од испитаниците (53 отсто) се против членството, од кои 31 отсто се против членството во наредните години, додека дури 22 отсто се против Украина некогаш да стане членка на тој воен сојуз, пишува Дојче веле (ДВ).

Истовремено, 28 отсто од анкетираните Германци со право на глас се против членството на Украина во НАТО во сегашната ситуација, а на тоа прашање не можеле или не сакале да одговорат 19 отсто од испитаниците.