258
Нафтали Бенет ги посочи владините статистики кои покажуваат дека повеќе од 420.000 Израелци над 60 години ја примиле третата доза на вакцината, што е повеќе од една третина од вкупниот број граѓани во тие години.
По состанокот на владата, Бенет рече дека се очекува до крајот на денот до половина милион луѓе да бидат вакцинирани со третата доза.
Во Израел е регистриран поголем број хоспитализации поради Ковид-19, а повеќето се заразени со варијантата делта.Владата повторно воведе задолжително носење маски во затворени простории и размислува за воведување нови рестриктивни мерки.
Израел е светски лидер по бројот на вакцинирани против коронавирус. Околу 5,4 милиони од 9,3 милиони жители примиле две дози од вакцината.