23
Рускиот ракетен напад на 31 јануари предизвика значителна штета на зградите во историскиот центар на Одеса, кој е под заштита на УНЕСКО, објави денеска на Telegram градоначалникот на Одеса – Генадиј Труханов.
„Хотелот Бристол, еден од највпечатливите архитектонски знаменитости во центарот на Одеса, претрпе сериозни оштетувања, иако точната големина се уште се проценува“, рече Труханов, пренесе Укринформ.
Силната експлозија, исто така, оштети блиски историски градби, а беа погодени и околу 15 места на културно наследство, со скршени прозорци и соборени дрвени рамки.