Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Тулси Габард, објави дека повеќе од сто вработени од целата разузнавачка заедница се отпуштени бидејќи користеле особено безбедна владина соба за разговор, која обично се користи за споделување чувствителни информации, за да се вклучат во сексуално експлицитна комуникација.
Во интервју за Фокс њуз во вторникот вечерта, Габард ја нарече употребата на алатката од страна на Администрацијата за национална безбедност „безобразно кршење на довербата“ што се коси со „фундаменталните правила и стандарди на професионализам“.
„Денеска пријавив дека сите ќе бидат отпуштени и ќе им бидат одземени безбедносните сертификати“, рече Габард.
Веста прв ја откри вчера конзервативниот активист Крис Руфо, кој пишува за „Сити Журнал“.
Портпаролот на Канцеларијата на директорката објави на мрежата „X “ дека Габард испратила меморандум до сите разузнавачки агенции и им наредила да ги идентификуваат вработените кои учествувале во „непристојни, порнографски и сексуално експлицитни разговори“ до петок.
Во интервју за Фокс њуз, Габард рече дека администрацијата ќе продолжи со „чистење на куќата“.