Повеќе од 115.000 Сиријци се вратија во својата татковина по падот на Башар ал Асад

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле во земјата по падот на претседателот Башар ал Асад, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).

Сиријците се вратија од земји како Турција, Јордан и Либан, се наведува во соопштението, цитирано од Анадолија.

Ал Асад беше на власт речиси 25 години и беше соборен на 8 декември кога антирежимските групи го зазедоа Дамаск, со што беше ставен крај на владеењето на арапската социјалистичка партија „Баат“, која беше на власт од 1963 година.

Слични содржини