Повеќе од 2.000 деца бездомници во Франција

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Повеќе од 2.000 деца во Франција се принудени да спијат на улица, според УНИЦЕФ Франција и Федерацијата на солидарни актери (ФАС).

„Неприфатливо е општеството да се однесува на овој начин со своите деца. Многу сме загрижени што ситуацијата секоја година се влошува, трагедија е кога знаеме за катастрофалните последици и за менталното здравје и за образованието“, рече претставникот на агенцијата на ОН во Франција – Аделин Хазан.

Таа оцени дека станува збор за „флагрантно кршење на принципите на Меѓународната конвенција за правата на детето“, која Франција ја ратификувала.

Слични содржини