Повеќе од 246 илјади граѓани опфатени во Системот за единствена најава на МДТ

од desk2
13 прегледи

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) соопшти дека досега 246 илјади граѓани ја искористиле можноста за користење една е-маил адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата.

Граѓанинот може да се регистрира на Системот за единствена најава (СЕН) доколку е полнолетен граѓанин на Македонија, или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

Најлесен начин за регистрација е директно на Националниот портал за услуги – https://uslugi.gov.mk/user-profile или https://eid.mk. Граѓаните можат и лично да се регистрираат со лично присуство и со важечка лична карта или пасош, во некој од центрите за услуги на Министерството, во Центар, Аеродром, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид и Јегуновце.

Најнови институции кои се приклучени на системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се нудат за учениците и студентите, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други.

МДТ работи на вклучување и други државни и локални органи и јавни претпријатија.