Повеќе од 30 лица останаа заробени во Замбија по уривање на рудник

од Radmila Tasevska
287 прегледи

Повеќе од 30 луѓе останаа заробени при уривање на рудник во Замбија, соопштија локалните власти.

Министерот за внатрешни работи и внатрешна безбедност Џек Мвимбу изјави во парламентот дека инцидентот се случил во градот Чингола, во регионот богат со бакар во Замбија.

– Имаме повеќе од 30 луѓе под урнатините и се бориме да ги извадиме, рече министерот и додаде дека спасувачките екипи се на терен.

Министерот за развој на рудници и минерали Пол Кабусве од местото на настанот изјави дека сè уште никој не е пронајден и не се знае точно колку луѓе се заробени.

Не беше кажано дали се работи за „неформални рудари“, но овој тип на рударство е вообичаен во Чингола.

Замбија е меѓу првите 10 производители на бакар во светот. Во Чингола се ископува и кобалт.

Слични содржини