Повеќе од 4 милиони мигранти може да дојдат во Европа во наредните години

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Меѓународниот монетарен фонд ја претстави својата прогноза.

20160121.ikgbrkeblr

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека 1,3 милиони мигранти може да пристигнат во Европа годишно меѓу 2015 и 2о17 година, пишува Daily Express..Студијата го покренува прашањето колку брзо ќе треба да се интегрираат бегалците, за да се добие економски раст за Европа на долг рок?

На краток рок ММФ смета дека економиите на земјите презеле голем број бегалци ќе се прошируваат на сметка на јавните расходи. Но на долг рок економските последици ќе зависат од брзината на интеграција на бегалците на пазарот на трудот.Во истражувањето се истакнува дека меѓународниот искуство со економските мигранти покажува дека мигрантите се со  поретко вработување и добиваат пониски плати од локалните жители , иако со текот на времето овие разлики  се намалуваат.За бавната интеграција влијаат фактори како недоволното познавање на јазикот и недостатокот на работни вештини, како и пречките при барање работа.