Повеќе од 600 учесници на меѓународниот натпревар за пливачи и пливачи со атипичен развој

од Илинка Илиоска
5 прегледи

Инклузија во спортот, обединување на земјите од Балканот преку спорт и порака за соживот се клучните пораки што ги упатија учесниците на третиот меѓународен инклузивен натпревар за пливачи и пливачи со атипичен развој Atlas Winter Cup 2024, кој викендов се одржа во Скопје.

На третиот натпревар, според организаторите ИТК Македонија – Скопје и пливачкиот клуб Атлантида, учествувале повеќе од 600 натпреварувачи, од кои 80 пливачи со атипичен развој што го прави натпревар со најголем број натпреварувачи со попреченост во Македонија. Покрај натпреварувачите од Македонија настапија гости од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија и од Косово.

„Секој учесник доби новогодишен подарок и сертификат за присуство. Најдобрите пливачи медали по генерации во секоја дисциплина и пехари за најдобрите од секоја генерациска група. Се додели и пехар за најдобар клуб во целокупниот натпревар“, објаснува Мартин Мојсовски, претседател на ИТК Македонија – Скопје.

Првиот ден се одржаа трките во адаптивно пливање, јунифајтд штафети и штафети. Додека вториот ден се одржаа ревијалните трки со пливачки помагала и компетитивно пливање. Главни поддржувачи на натпреварот годинава се Интернационалната градинка Wings, спортскиот центар „Борис Трајковски“, Комерцијална банка и Министерството за спорт.

Организаторите потврдија дека овој натпревар претставува незаборавен празник на постигнувањето, радоста и инклузивноста, затоа што со приближување на крајот на годината, доаѓа и времето за подарување и споделување радост меѓу сите луѓе и ширење енергија за сплотеност и блискост.

Слични содржини