240
Повеќе од илјада работници на „Амазон“ од два логистички центри во Англија ќе штрајкуваат на почетокот на август, соопшти денеска британскиот синдикат GMB.
Причината за штрајкот е несогласување околу платите, пренесува „Ројтерс“.
„Овој работнички протест ќе се прошири. Јасно е дека битката за правата на работниците во Амазон само што почнува“, рече претставничката на синдикатот GMB, Рејчел Фаган.
Работниците на „Амазон“ во градот Ругели ќе протестираат на 3 и 4 август, а вработените во логистичкиот центар во Ковентри на 4 и 5 август, се додава во соопштението на GMB, пренесува „Танјуг“.
Обединетото Кралство оваа година се соочува со серија штрајкови, при што неодамна протестираа и лекарите специјалисти и помладите лекари.