ПОВЕЌЕ ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Германската фармацевтска компанија забележа големи финансиски загуби

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Германската фармацевтска компанија BioNTech забележа големи загуби во вториот квартал. Истовремено, напредува со нови производи, вклучително и иновативна терапија за болните од рак, пишува dpa.

Дефицитот во вториот квартал е 807,8 милиони евра, објави компанијата од Мајнц, што е значително повеќе од 190,4 милиони во вториот квартал од 2023 година.

Во првото полугодие нето загубата е 1,12 милијарди евра наспроти 311,8 милиони од лани.

Само во вториот квартал од оваа година, BioNTech инвестираше 525,6 милиони евра во „активности кои не се поврзани со Ковид-19“. Станува збор пред се за онкологија и препарати за заразни болести. Ова е 90 отсто од сите инвестиции во иновации и развој, велат од компанијата.

„Напредуваме кон целта да станеме компанија со одобрени лекови за рак и заразни болести“, рече директорот и основач на компанијата Угур Шахин.

BioNTech има за цел да ја добие првата лиценца за продажба на лек против рак во 2026 година.

Загубите во вториот квартал во компанијата се објаснуваат со падот на приходите од продажбата на вакцината против Ковид. Побарувачката, велат, е се посезонска.

Слични содржини