Повеќе основни училишта во Јута ја забранија Библијата поради „вулгарност или насилство“

од Nikola Popovski
255 прегледи

Повеќе основни училишта во американската сојузна држава Јута ја забранија Библијата поради „вулгарност или насилство“.

Училишната управа северно од Солт Лејк Сити, која е надлежна за околу 72.000 ученици, ја тргнала Библијата од листата на дозволени книги за средношколци.

Меѓу книгите што биле отстранети од листата за читање се и „Целосно вистинит дневник на повремен Индијанец“ на Шерман Алекси и „Во потрага по Алјаска“ од Џон Грин.

Одлуките биле донесени врз основа на закон од 2022 година кој бара од училишната управа да ги вклучат родителите во одлучувањето што претставува „чувствителен материјал“ за учениците.

Конзервативните активисти меѓу родителите во училишните одбори и државните институции низ САД прашуваат како се дискутира за сексот и насилството во училиштата, пишува АП.

Сепак, не е познато кој поднел петиција за забрана на Библијата во некои училишта во Јута.

Училишната управа одби да го објави идентитетот на лицето чиј предлог беше одобрен, повикувајќи се на политиката за приватност на училишниот одбор.

Слични содржини