Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3.6 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26.4 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 5 %.
Откупот и продажбата во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 7.2 %.