Повеќе од две третини од Германците – 67 проценти – се противат на европската забрана за нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Една четвртина ги поддржуваат таквите планови, според анкетата на DeutschlandTrend за телевизијата ARD.
Најголема поддршка за забраната имаат помладите и оние со формално високо образование. Кога станува збор за партиските симпатизери, само мнозинството од оние кои гласаат за Зелените ги поддржуваат плановите на Европската унија.
Преговарачите на Европскиот парламент и земјите од ЕУ наесен се договорија од 2035 година во Унијата да се регистрираат само нови автомобили кои не испуштаат штетни гасови.
Сепак, Германија сè уште сака да дозволи нови автомобили со мотори со внатрешно согорување кои користат вештачки горива, таканаречени е-горива.