Повеќе од милијарда стримови: Ова беше најслушаната песна во светот во 2022 година (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Спотифај ја откри својата „Wrapped 2022 Year in Review“, листа на најслушани песни во изминатите 11 месеци, а на самиот врв е „As it was“ од Хари Стајлс.

Со речиси 1,6 милијарди глобални стримови, поранешниот член на бендот One Direction успеа да ја надмине конкуренцијата, заземајќи респектабилно место (шесто) на листата на најслушани изведувачи на глобално ниво.

Зад „As it was“ следат: „Heat waves“ од групата Glass Animals, потоа Stay од Џастин Бибер и раперот The Kid LAROI и две песни од Bad Bunny, Me porto bonito и Tití Me Preguntó, на четврто и петто место.

Слични содржини