На денешната седница Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2 992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година.
Оваа одлука е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица, информираат од „Градски паркинг“ преку соопштение.
Од таму додаваат дека од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот.
-На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани. Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор, стои во соопштението.