316
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Угостителските услуги во октомври, во споредба со септември, останаа непроменети.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2019 година имаат пораст од 0,4%.