Речиси 1,1 милион автомобили Tesla беа повлечени денеска во САД поради дефект што може да предизвика повреди.
Tesla официјално повлекува над милион возила.
Како што е наведено, се работи за неисправност на автоматското затворање на прозорецот што без правилен систем за враќање наназад може да го зголеми ризикот од повреда со примена на прекумерна сила и заробување на возачот или патникот при затворање.
Овој систем тешко ги препознава пречките, односно не реагира правилно кога ќе ги открие. Тоа значи дека постои реална шанса прозорецот да продолжи да се затвора и покрај препреката која можеби е дел од човечкото тело, па јасно е дека овој дефект во голема мера го зголемува ризикот од повреда.
Ова масовно отповикување влијае на Model 3 (2017-2022), Model Y (2021-2022), Model S и Model X.
Компанијата Tesla и објави на Националната служба за безбедност во сообраќајот дека ќе спроведат „over-the-air“ или далечинско ажурирање на програмата за системот за автоматско затворање на прозорци.
Како што велат од Tesla, досега не добиле поплаки, пријави за несреќи, повреди или смртни случаи кои би биле поврзани со спорниот дефект на системот.