Повлечено обвинение против Алек Болдвин

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Обвинителството во Ново Мексико го отфрли обвинението за огнено оружје против холивудскиот актер Алек Болдвин, пишува TMZ, што значи дека ќе ја избегне максималната казна со која се соочи за смртта на камерманката Халина Хачинс во октомври 2021 година на сетот на филмот „Rust“.

Според обвинението, Болдвин се соочувал со минимална казна затвор од пет години. По повлекувањето на обвинението, останува во сила обвинението за убиство од небрежност, за што останува во сила казната од 18 месеци затвор и паричната казна од 5.000 долари. TMZ пренесува дека актерот би можел да добие помала казна, па дури и да биде пуштен на условна слобода.

Пресвртот дојде откако адвокатот на актерот возврати со тужба посочувајќи дека актерот е обвинет според закон кој не е во сила. Во моментот на пукањето на сетот на „Rust“ важеше закон кој вели дека некој може да биде обвинет само за употреба на огнено оружје доколку оружјето било изложено со намера да заплаши или повреди одредено лице, што не било случајот со Болдвин.

Обвинителството поради некоја причина сметаше дека може да се примени амандман кој не бара таква намена, а кој беше усвоен седум месеци по трагедијата, пишува TMZ.

Алек Болдвин минатиот месец беше обвинет за две точки од обвинението за убиство од небрежност и за употреба на огнено оружје. Кога ќе се додаде ова второ обвинение, тоа значително влијае на висината на казната.

Истите обвиненија беа покренати и против Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за реквизитите на сетот. И таа и Болдвин негираат дека сториле нешто лошо. Тие нема да бидат обвинети за ранувањето на режисерот Даниел Соуза, иако тој беше погоден од истиот куршум што ја уби Халина Хачинс.

Слични содржини