Повлекувањето на Русите не значи крај на војната, сметаат од Белата куќа

од Nikola Popovski
147 прегледи

САД открија некои индиции дека руските сили можеби планираат да се повлечат од украинскиот град Керсон, соопшти синоќа Белата куќа.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека повлекувањето на Русија од некои области во Украина не значи дека војната во Украина завршува, пренесуваат агенциите.

Тој истакна дека Вашингтон не врши притисок врз Украина да најде решение со Русија за војната преку дипломатски средства.

На 9 ноември, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му нареди на командантот на руската армија во Украина, генерал Сергеј Суровикин, да започне со повлекување на војниците од десниот кон левиот брег на Днепар во правец на Херсон.

Шојгу рече дека животот и здравјето на рускиот воен персонал се секогаш приоритет и дека мора да се земе предвид и опасноста за цивилното население, пренесе РИА Новости.

Претходно, Суровикин му предложи на Шојгу организација на одбраната долж левиот брег на Днепар во правец на Керсон.

Суровикин рече дека тоа е „многу тешка одлука“, но додаде дека овој маневар ќе ослободи дел од силите и ресурсите што ќе се користат за активни операции во други правци, вклучително и офанзивни.

Слични содржини