Поворката со посмртните останки на Џеј Рамадановски се упати од капелата кон гробното место во Алејата на заслужените граѓани, каде што ќе почива пејачот. Оркестар од 50 виолини ја свири песната на Џеј „Недеља“ близу неговиот гроб.
По верската церемонија во капелата, семејството, пријателите и колегите тргнаа да го испратат Џеј Рамадановски во вечното почивалиште на белградските Нови гробишта.
Помалата ќерка на пејачот Марија едвај стои на нозе од тага, а нејзината мајка Нада ја држи цело време.
На испраќањето на Џеј се појавија и многу обожаватели, меѓу кои режисерот Мирослав Момчиловиќ, актерот Милјан Давидовиќ, актерката Ивана Дудиќ, водителката Весна Дедиќ и многу други.
Меѓу колегите кои дојдоа да му изразат сочувство на семејството се Марија Шерифовиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Којиќ Кеба, Радиша Трајковиќ Чани, Ванеса Шокчиќ, Мина Костиќ и многу други.