Полицијата во американската сојузна држава Јужна Каролина покрена обвинение против полицаецот за убиство на невооружен црнец, соопштува “Франс прес”.
Убиството е фатено на видео . Ова е последнаото пукање од полицаец кон невооружен црнец, откако полицијата постојано беше обвинувана за расизам и пречекорување на овластувањата.
Полицијата во државата го уапси Мајкл Слејџр и против него се покренати обвиненија за убиство. Тој може да добие доживотен затвор или смртна казна.
На видеото е снимено како полицаецот го убива 50-годишниот Валтер Скот во северен Чарлстон во саботата. Слејџр влегува во спор со Скот и потоа испука 7-8 куршуми во грбот на црнецот . Локалните медиуми забележува дека инцидентот се случил откако 50-годишниот е запрен на автопат , бидејќи задниот стоп на неговиот автомобил бил скршен.
Во последниве месеци неколку убиства на невооружени црнци од полицајци доведоа до масовни протести во САД.
Ретко се покренуваат обвиненија против полицајци поради пукање, дури и инцидентите не се ни евидентираат.
