Повозрасна жена платила 50.000 денари откако ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете на мигрант

од Milan1
61 прегледи

– На 12.02.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.

Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини