Повратниците од боиштата во Сирија се најголема опасност

од Vladimir Zorba
123 прегледи

 

 

 

Јавниот извештај на Безбедносно-разузнавачката служба (СОА) за работата во 2015 година, кој е објавен на официјалните интернет страници предизвика многу реакции во јавноста, главно негативни.џихад

Во извештајот стои дека безбедносната состојба во Хрватска е стабилна, но во околината се е по комплицирано, посебно по киднапирањето и убиството на хрватскиот државјанин Томислав Салопек во Египет, како и јавните повици на т.н. Исламска држава до своите симпатизери, да спроведуваат терористички напади на подрачјето на југоисточна Европа, наведе СОА.

Загрижуваат т.н. џихадисти од земјите во соседството. Постои страв дека тие можат да послужат како организатори или извршители на терористички напади.

Препишани делови

Екстремистичките групи во Хрватска имаат многу мал потенцијал, смета СОА. Но, поради невработеноста и незадоволството кај младите ризикот расте, се додава и се истакнува дека СОА забележува континуирано делување и на левите и на десните екстремистички групи.

СОА потенцира раст на искажување на четнички екстремизам во соседството, но и контакти на тие лица со лица во Хрватска. СОА предупредува и на корупцијата, најчесто во јавните тендери, јавните набавки како и во политиката и судството.

Игор Табак, воен аналитичар и експерт по безбедност, смета дека пред се е добро што воопшто се појавил извештај.

– Тоа е веќе третпат и би можеле да кажеме дека тоа веќе не е случајност и тоа е многу добро. Втора работа е што извештајот е многу „формулирачки‟. Се гледаат многу директни преземања на текстови од ланската година, што не е добро. Има делови кои се препишани од збор до збор, но и делови во кои по нешто е додадено, а тоа може да постави проблеми на површните читатели, бидејќи разликите се во нијанси, ги истакна своите видувања Табак.

– Од некоја причина има големо внимание на делот со четништвото, иако тоа во извештајот го има многу малку. Без дилема е дека такви чувства во регионот околу Хрватска ги има, сите знаеме кои се тие земји. Од друга страна има и напомена и за некакво симпатизирање кај младите и во Хрватска. Морам да признаам дека нам како набљудувачи на таа тематика всушност не ни беше многу видливо во последните години. Тоа дефинитивно е маргинална појава, вели Табак и потенцира дека основна закана за Хрватска и земјите во соседството е тероризмот од радикален исламистички тип.

– Посебен осврт има на враќањето на борците од фронтовите во Сирија и Ирак. Ми се чини дека тежиштето на целиот извештај е на борците кои се враќаат и дека е признаено дека ги има повеќе од што се сметаше, вели Табак.

Недостиг на транспарентност

Извештајот зборува дека се работи за околу 900 лица кои заминале во 2012 година, а во земјите од нашето југоисточно соседство се вратиле околу 300.

– И Ал Каеда и сите други организации од тој тип во своите постапки се многу прагматични. Засилениот притисок врз нив ќе доведе до нивно распрснување, повлекување во герила, а не до конвенционални судири. Тоа е посебно голем предизвик за безбедносните служби, бидејќи дел од тие луѓе сакаат да се вратат во тишина, а можеби и нема да се откажат од своите претходни идеи и оружјето. Тие треба да се бидат под контрола и да се внимава да не дојде до нешто непосакувано, анализира Табак.

Тој истакнува дека извештајот за безбедносната состојба треба да биде посериозен и подетален, а тоа го поткрепува со фактот дека во регионот има такви примери. – Тоа не би ја загрозило безбедноста, тврди Табак и потенцира дека Хрватска се уште има слаба пракса на елементарна транспарентност кон своите даночни обврзници.

– Во специјализирана литература во странство може да се најдат многу повеќе информации за Хрватска, од што може да се најде во самата Хрватска, наведува Табак.

Глас Славоније – Осијек