205
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од с.Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково.
Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.