„Повредена од гневот во мемоарите“: Принцот Хари го очекува непријатна средба со Камила

од Stefanija Kuzmanovska

Британски „Тајмс“ пишува дека принцот Хари, покрај сите неизбежно непријатни средби кои најверојатно ќе ја одбележат церемонијата на крунисување, најтешко ќе се соочи кралицата Камила.

Како што потсетува британскиот весник, извори блиски до Камила неодамна откриле дека била „повредена“ од гневот поради мемоарите на Хари, во кои била претставена како „сплеткарска самопромотерка“ која го жртвувала ранливиот принц „на личен ПР олтар“.

Хари потоа ја опиша Камила како „опасна“ и „зла“ за време на промотивно ТВ интервју, како и некој што „гази над трупови“ заради лична амбиција.

Според истите извори, Камила во кралските кругови е позната како „челична шефица“ и не е омилена во британската јавност. На прашањето зошто Камила никогаш не се жалела или реагирала на немилосрдните критики од јавноста, нејзината блиска пријателка Лејди Ленсдаун рече дека Камила е издржлива затоа што е воспитана со извонредно чувство на должност да не се жали на тешкотиите и секогаш да продолжи понатаму.

Иако кралот Чарлс мисли дека книгата на Хари ја преминала „црвената линија“, ставот на Камила кон мемоарите е, според Лејди Лансдаун, „не кревајте прашина и работите ќе се смират“.

Поради сето ова, се заклучува во коментарот, Хари има причина да биде „преплашен“ поради претстојната средба.

Слични содржини