Повредени двајца полицајци во сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово

од Milan1
62 прегледи

– Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, информираат од полицијата.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини