182
На 03.07.2024 година во 15:22 часот во СВР Тетово од Ургентно одделение при Медицински центар во Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени М.Ш.(28) и нејзината малолетна ќерка од гостиварски Градец.
– Тие се здобиле со тешки телесни повреди, откако на нив паднала порта од куќа, сопственост на Р.Ш, информираат од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.