Девојче повредило други деца во училишен двор во Скопје, информираат од скопската полиција.
Немилиот настан се случил вчера попладне, кога во СВР Скопје, Е.Љ. пријавил дека во двор на училиште на улица „Серава“, едно женско лице фрлило тврди предмети и повредило двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од с.Љуботен, скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.