Пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште, денеска добил Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Веднаш за настанот се известени полициските станици Гостивар и Галате.
-Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице, соопшти ЦУК.
Лицето ќе биде транспортирaно до Клиничкиот центар во Скопје за укажување на понатамошна медицинска помош.