Повреденото момче кое го преживеа падот на жичарницата наскоро ја напушта болницата

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Петгодишното момче Ејтан, единствениот кој го преживеа падот на кабината од жичарницата на ридот Мотороне, на северот од Италија, закрепнува добро и денес го напушта одделот за интензивна нега на болницата во Торино, јавува агенцијата „Анса“.

Тој ќе биде набљудуван уште неколку дена во болницата, а потоа, како што најавуваат лекарите, ќе може да си оди дома.

Во несреќата, кога кабината на жичарницата на ридот Мотороне се одвои и се урна во амбисот, загинаа 14 лица, меѓу кои родители, помалиот брат, прабабата и дедото на момчето.

Кога бил пронајден по несреќата, се верувало дека нема да преживее бидејќи имал повреди на вратот и градите, но Ејтан брзо закрепнува.

Момчето не се сеќава на трагедијата, но лекарите исклучија невролошки повреди и рекоа дека станува збор за посттрауматска амнезија.

Само што се разбуди од фармаколошка кома, Ејтан прашал каде се неговите родители и зошто е во болница.

Момчето ќе ги добие одговорите на овие и на други прашања постепено, но без лаги, велат психолозите кои го следат неговото закрепнување.

 

Слични содржини