Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи.
-Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ-индексот ќе биде 7, стои во соопштението од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.