Повторна средба: Изложба на дела од Анита Јовеска Сот

од desk4
328 прегледи

Во ликовната галерија во Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата “Повторна средба” од прилепската уметничка Анита Јовеска Сот. Отворањето на изложбата го изврши историчарот на уметност Викторија Димеска, која истакна дека делата пренесуваат енергичност што длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, кои се жедни за живост и динамичност.

Самата уметничка, Анита Сот, изјави дека жената како инспирација е присутна во сите околу нас, моќна и силна, секоја различна и своја.

Анита Јовеска Сот е академиски сликар, родена во Прилеп. Таа завршила на Националната Академија за уметност во Софија, Р. Бугарија во 2008 година, на отсекот за плакат и визуелни комуникации. Оваа изложба е трета самостојна изложба за Јовеска Сот. Изложбата ќе биде отворена до 7-ми јуни.

Слични содржини