Уште едно полициско убиство на црнес од бели полицајци во САД е на пат повторно да предизвика социјални потреси во земјата.
Затоа, во обид да го спречат ширењето на протестниот бран меѓу правобранителски и граѓански организации, федералните власти почнаа истрага за случајот, што ќе се води од одделот за граѓанските права во Министерството за правда.
Жртвата е 37-годишниот уличен трговец Алтин Стирлинг, застрелан во Батон Руж – главниот град на државата Луизијана.
Тој продавал дискови на паркинг на продавница со согласност на сопствениците. Во вторникот, полицијата добила анонимен сигнал од лице кое тврдело дека е загрозено од маж со пиштол. На паркингот беа испратени двајца полицајци, а по несогласување со Стирлинг, тој бил застрелан и починал на самото место.
Најмалку две аматерски видео покажуваат како мажот е притиснат на земја и застрелан во градите.
Едниот клип е снимен од Абдула Муфлахи, сопственик на продавницата и пријател на Стирлинг. На кадрите се гледа како еден од полицајцитеја застрелува жртвата најмалку четири пати одблизу, а другиот вади нешто од џебот на мажот, додека тој умира.
Муфлахи го предал видеото на Ројтерс и рекол дека полицијата извадила пиштол од џебот на Стирлинг. Според сведоци сепак оружјето во ниту еден момент не беше во рацете на убиениот и тој со ништо не им се заканувал на полицајците.
Двајцата униформирани се привремено суспендирани.
Случката стана причина за избувнувањето на протест во градот. Луѓето се собраа на паркингот и скандираа со кренати раце: “Не пукајте!” И “Животот на обоени исто така е од значење”.
Кандидатката за претседателката функција на Демократската партија Хилари Клинтон го нарече убиството “трагедија” и истакна дека довербата меѓу полицијата и граѓаните треба да биде градена повторно. “Има нешто длабоко злобно, штом толку многу Американци имаат причина да мислат дека нашата земја не ги смета за толку вредни како другите, поради бојата на нивната кожа”, рече таа.
Неколку слични трагични инциденти во последните години во Фергусон (Мисури), Балтимор и Њујорк станаа причини за расни и социјални тензии во САД и предизвикаа протести кои прераснаа во насилство.
Според официјалната статистика Батон Руж е со население од 229 илјади луѓе, а 54 отсто од нив се црнци и над 25% од жителите живеат во сиромаштија.


