209
Утрово на службените мејлови на училиштата „Никола Карев“ и „Орце Николов“ во Скопје, биле испратени закани за поставени бомби.
Исто така утрово испратени се и мејлови во училишта низ Битола дека во нивното училиште се поставени експлозивни направи.
Заканите веднаш се пријавени во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата.