Повеќе илјади луѓе со собраа вечерва на протестот на Демократскиот фронт во Подгорица, каде поставија ултиматум до премиерот Мило Ѓукановиќ до сабота да донесе одлука за преодна влада. Во спротивно, како што порача опозицискиот лидер Андрија Мандиќ, цела Црна Гора доаѓа во Подгорица.

f94c4e58f1903033981d66fe822e3c11

Насобраните граѓани извикуваат „Победа,победа“ и „Готов е“.

Околу 20 часот пред Парламентот дојде до судир меѓу неколку маскирани лица и полицијата. Беше фрлен солзавец, а колоната се разби.

Опозициските лидери кои го предводат протестот повикуваат на смиреност.

Слични содржини