Покривот на Парламентот на Јужноафриканската Република денеска повторно се запали, по катастрофалниот пожар кој вчера предизвика уривање на дел од покривот на комплексот и го уништи целиот кат.
Информации за новиот пожар на својот Твитер профил објави портпаролот на парламентот Молото Мотапо.
JUST NOW: Unfortunately, after almost two days of brave battle with the flames in the National Assembly Building, more fire has just been fanned up. Firefighters remain at the scene and are continuing with the fight to bring fire under control #ParliamentFire pic.twitter.com/tNAHw0ThWU
— Moloto Mothapo (@MolotoMothapo) January 3, 2022
Претходно јужноафриканските власти соопштија дека за подметнување на пожарот е уапсен 49-годишен маж, кој наводно влегол преку прозорецот на една од канцелариите.
Devastating. Distressing. Inexplicable. Fresh fire just broke out on the roof of the National Assembly Building. Reinforcements underway by firefighters. The battle WILL be won. #ParliamentFire pic.twitter.com/TEd2qxVA1M
— Moloto Mothapo (@MolotoMothapo) January 3, 2022
Според соопштението на елитната полициска единица, осомничениот, уапсениот 49-годишен маж, се очекува да се појави пред суд во вторник, а да се соочи и со обвиненијата за подметнување пожар, провала и кражба.
Во пожарот нема повредени, но материјалната штета е голема, јави Танјуг.