329
Во главниот град на Либија, Триполи, денеска дојде до судири кога новиот премиер Фати Башага, избран во парламентот, дојде во собранието за формално да ја преземе функцијата од спротивната администрација, која одби да ја предаде власта.
Новинарите на „Ројтерс“ во Триполи рекоа дека се слушнале истрели, а телевизијата Ал-Хадат објави видеа на кои се гледаат борби во центарот на градот и во пристаништето.
Насилството започна кога новиот премиер Фати Башага во текот на ноќта влезе во градот, придружуван од вооружена придружба.