Повторно измамени повозрасни жени во Скопје, ги излажале дека нивни блиски направиле сообраќајка

од Milan1
37 прегледи

Две повозрасни жени од Скопје биле измамени откако им се јавил лажен полицаец, кој им кажал дека нивни блиски прегазиле дете-мигрант и дека тие треба да платат пари за роднините да не одат во затвор, информираат од МВР.

„На 03.03.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата за првиот случај.

Во вториот случај, На 03.03.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 457.320 денари.

„Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како поранешен полициски службеник, по што ѝ кажало дека нејзината ќерка била тешко повредена во сообраќајна несреќа која претходно ја предизвикала и во која прегазила дете-мигрант, а доколку не сака таа да оди во затвор треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,  информираат од МВР.

Слични содржини