Платите во Германија се зголемија доволно за да се неутрализираат ефектите од двегодишната силна инфлација. Тоа значи дека луѓето повторно ќе можат да трошат повеќе, објави во четвртокот Државниот завод за статистика, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Во вториот квартал од 2024 година, бруто заработката порасна побрзо од малопродажните цени петти последователен пат.
Платите, имено, од април до јуни се за 5,4 отсто повеќе од претходната година, а просечната инфлација изнесува 2,3 отсто. Тоа значи дека платите реално се зголемиле за 3,1 отсто.
Ова, сепак, доаѓа по период во кој инфлацијата ја наруши куповната моќ на потрошувачите. Паѓаше шест последователни квартали од крајот на 2021 година до почетокот на 2023 година. Слично беше и за време на пандемијата во 2020 година.
Статистички, најмногу пораснале најниските плати – 7,6 отсто на годишно ниво, пренесе „Феникс магазин“.