Повторно на удар на критики: Меган зборуваше за забраната за абортус во САД

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, за магазинот „Вог“ ја коментираше одлуката на американскиот Врховен суд да ја поништи пресудата од 1973 година со која се легализираше абортусот низ целата земја и се дозволува абортусот да биде забранет во сојузните држави.

Таа истакна дека е подготвена да им се придружи на демонстрантите во Вашингтон и ги повика граѓаните секој пат да излезат на гласање во што поголем број, а откри и дека на нејзиниот сопруг Хари му се слошило поради пресудата.

„Мојот сопруг и јас разговаравме многу за тоа овие денови. Тој е исто така феминист“, нагласи таа и порача: „Мора нашите стравови да ги претвориме во акција“.

Во интервјуто таа се осврна и на своето искуство со абортусот, кој го претрпе во 2020 година, пред раѓањето на нејзината ќерка Лилибет.

„Знам какво е чувството да се абортира, и претходно сум зборувала за тоа во јавноста. Треба да го нормализираме разговорот за работите кои влијаат на нашите животи и тела за што е можно повеќе луѓе да разберат колку е важно да ја имаат потребната заштита“, рече Меган и напомена дека е бесна поради одлуката на Врховниот суд.

И додека дел од јавноста ја поддржа, поради нејзините коментари таа беше и критикувана, па повторно почнаа да кружат гласини за нејзина можна кандидатура за претседател на САД.

„Уште еден обид на поранешен член на кралското семејство да ја внесе британската драма во американската политика“, „Никој не се грижи за мислењето на Меган Маркл на оваа тема, но нејзината претседателска кандидатура би била одлична епизода на ‘Круната’“, се дел од критиките.

За скриената намера на Меган да се кандидира за претседател се шпекулира уште од интервјуата со Опра Винфри, што многумина го протолкуваа како нејзин обид да влезе во политиката.

Тоа го поткрепува и изјавата на нејзината пријателка од пред неколку години кога за Vanity Fair открила дека една од причините зошто Меган не сакала да се откаже од американското државјанство откако се омажила за принцот Хари е за да ја задржи отворена можноста за влегување во политиката и во Вашингтон.

Слични содржини