333
Односите на Велика Британија со Европската унија ќе бидат напнати некое време, но Владата е решена работите да се одвиваат непречено, изјави денеска британскиот министер одговорен за спроведување на договорот за Брегзит, Дејвид Фрост.
„Мислам дека ќе биде малку незгодно некое време, но треба да се заврши многу, многу работа“, рече Фрост обраќајќи им се на членовите на парламентарниот комитет, објави „Ројтерс“.
Британските преговори со Европската унија за примена на трговските правила по Брегзит не се крајно продуктивни, но напредокот е се уште можен, посочи Фрост.