Повторно оштетен далноводот кој ја снабдува централата Запорожје со електрична енергија

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Далноводот кој испорачува електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје е оштетен по втор пат за пет дена, што ја принуди централата да се префрли на дизел генератори, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) Рафаел Гроси, пренесе „Ројтерс“.

Тој на својот Твитер профил објави дека IAEA се залага за демилитаризирана безбедносна зона околу централата, која е блиску до линијата на фронтот меѓу украинските и руските сили.

Шефот на регионот Запорожје, назначен од Москва, Евгениј Балицки, рече дека безбедносната зона не е можна додека фронтот не се помести за најмалку 100 километри.

Слични содржини