203
Италија повторно ја отвори својата амбасада во Украина и ќе биде целосно оперативна од утре, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги.
Драги напомена дека повторното отворање на амбасадата во Киев е доказ дека Италија останала блиска со украинскиот народ, пренесе АП.
Во денешното интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, италијанскиот премиер изјави дека во Украина нè очекува „отпор на населението и продолжено насилство со уништување што ќе продолжи“, наведува американската агенција.