Стотици граѓани од Србија денеска повторно пред редакцијата на „Информер“ во Белград побарале од сите медиумски платформи да се повлече интервјуто со осудено лице за повеќекратни силувања објавено во тој весник.
„Нејзиното силување не е ваша ексклузива“, порачале учесниците на протестот.
На собирот било побарано и укинување на јавното финансирање на медиумите кои известуваат неетички.
„Нашите пари се вложуваат во профитирање од нашите трауми“, рече еден од организаторите на протестот, барајќи да се прекине финансирањето на медиумите кои не го почитуваат новинарскиот кодекс.
Било побарано и институциите да си ја завршат работата пред сѐ по апсењето на повеќекратен силувач да направат адекватна проценка.
— Ženska solidarnost (@ZSolidarnost) October 1, 2022
Учесниците побарале и да се направи регистар за следење на сите силувачи и насилници, како и нивно следење.
Барајќи да се почитува достоинството на жените, особено жртвите на насилство, покрај свирежи и труби, присутните извикувале „Женска револуција“, „Безбедност за жените“ и „Стоп за насилството“.
„Колку жени треба да бидат претепани или убиени за да ја видите нашата безбедност како општествен приоритет“, велат организаторите.
Насобраните носеле бројни транспаренти, меѓу кои „Лути жени“, „Не можеш да ме натераш со сила“, „Ниту една жена повеќе, ниту еден таблоид повеќе“, „Насилството не се клика, насилството се спречува“, „Женската траума не е извор на приход“.
Фото: BIZLife/Nova S/Informer